Мечување
Мечување Печати

Мечувалечка Федерација на Македонија (МФМ) во соработка со Сојузот на спортови на Скопје е организатор на  10-тото Европско екипно првенство за мечување за ветерани, кое ке се одржи од 27- 30.05.2010 во спортската сала “Борис Трајковски“ - Скопје.

Сите заинтересирани љубители на мечувањето можат да повелат во спортската сала “Борис Трајковски“ и да ги проследат настапите на Македонската репрезентација, а воедно и да уживаат во убавините и грациозноста на овој несекојдневен натпревар во нашиот град. Влезот е бесплатен. Почеток на натпреварите е секој ден во 10:00 часот, а финалните борби се во 18:00 часот.