
Спортови
Кајак на Диви води |
![]() |
Со одлично возење во вчерашната полуфинала трка, нашиот кајакар ги изненади своите противници и се пласираше на првото место со најдобро остварено време, при што си обезбеди и место во финалното возење кое се одржа денеска. Николовски уште еднаш докажа дека е голем спортист и достојно и храбро се докажа и на патеката, каде со 3 казнени поени спортската среќа му ја одзема шансата да се бори најмалце за бронзен медал, каде и покрај казнените поени имаше одлично време, кое сепак на крајот му го донесе одличното 7мо место. Атанас уште еднаш докажа дека е голем спортист и достоен за високи резултати.
Честитки од Сојузот на спортови на Скопје за постигнатиот резултат и ти посакуваме уште вакви, но и поголеми моменти во твојата кариера.
|
ВЕСТИ Time.mk
Пријатели
Спонзори
Медиумски спонзори
