ПОЧЕТОЦИТЕ НА СПОРТОТ ВО СКОПЈЕ
Во Цариградскиот Гласник од 14 Март 1902 год забележано е
дека во 1902 год во Скопје одржани се коњички трки на кои главно учествувале
турски офицери и војници.Во истата година одржана и атлетска трка на 1600 м.
За поорганизирани форми на активности може да се зборува
од 1909 год. Прва спортска секција основана е во оваа година при друштвото
Душан Силни.
Фудбалот како игра се појавува во 1909 год.кога на
празникот Велигден е одигран и првиот натпревар.
Првиот спортски клуб со име Спортинг клуб –
Ускуп,формиран е во 1911год,каде покрај фудбалот постоеле и секции за тенис и
мечување.Клубот Вардар основан е во 1912 год.
Поорганизирани спортски активности има помеѓу Првата и
Втората Светска Војна и тоа во фудбал,гимнастика,јавање коњи,кајакарење и
велосипедизам.
Во 1945 год скоро едновремено заедно со фискултурниот
одбор на Македонија формиран е и фискултурен одбор на Скопје.Прв претседател на
одборот била избрана Сима Димова ,а прв секретар Микле Најденовски.Градскот
Фискултурен Одбор на собрание одржано на 28.12.1946 год се преименува во
Градски Одбор за Физичка Култура.Првите здруженија членки на одборот беа
атлетска секција,фудбалска секција,секција за рачна топка,секција за спортови
на вода,секција за зимски спортови,секција за велосипедизам,секција за јавње
коњи и секцијата на Партизан.Од 1946 год,започнува организацијата на
најмасовната активност под име За републиката напред – ЗРЕН. 1948 год значајна
е заради донесеното решение на президиумот на Собранието на Р.Македонија за
основање покрај постојниот фискултурен одбор на Скопје да се основаат и
општински одбори со цел побрз развој на физичката култура.Во 1952 год,одборот
го менува името во Сојуз за Физичка Култура,подоцна во 1962 год во Сојуз на
Организациите за физичка култура.
Со новите законски
прописи во 1995 год,го добива името Сојуз на Спортови на Скопје,а оснивачи беа
Спорт Клуб Софка,Сојуз на училишен спорт на Скопје,Стрелачки сојуз на
Скопје,Кајакарски Сојуз на Скопје и Кугларски сојуз на Скопје.
Во пет децениското постоење на сојузот членови беа градски
сојузи и одбори,спортски друштва и клубови.
Главни активности на сојузот беа и сеуште се развој и
унапредување на училишниот спорт,спортско рекреативни активности на лица со
посебни потреби и инвалидитет,масовните форми на активности,поддржување и
учство во организација на натпревари од особен интерес за Град
Скопје,традиционални натпревари,студентскиот спорт и др.
Меѓу позначајните меѓународни спортски натпревари
организирани во Скопје беа Меѓународна велосипедска трка Низ Македонија и Низ
Југославија,боречкиот турнир Македонски Бисер,квалификациони натпревари и
балканијади во кошарка,кајакарскиот натпревар ИКАС,боксерскиот турнир Златен
Гонг,европски и светски првенства во ракомет,шаховската олимпијада,и подоцна
Скопски Маратон, меѓународно мото рели
“
Независност”.
Сојузот на спортови на Скопје согласно законите и статутот,има собрание како највисок орган,управен одбор и десет комисии.